Вечерва во рамките од Евролигата, Перо Антиќ во Белград го следи натпреварот на своите два поранешни клубови, Црвена Звезда и Олимпијакос.
Со Олимпијакос Антиќ ја освои Евролигата двапати во 2012 и 2013 година, додека во Црвена Звезда ја заврши кариерата.
Познато е и дека Антиќ е миленик на навивачите на Звезда, а тоа беше забележано и кога се појави во салата „Александар Николиќ“ добивајќи овации од трибините.