Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека од први септември ќе има бесплатни учебници и истите навреме ќе бидат доставени до учениците.
На прашањето дали учениците навреме ќе добијат учебници Шаќири рече: Од први септември ќе имаме бесплатни учебници се работи на законското решение со кое сите технички проблеми и сите законски ограничувања ќе бидат решени“.
На новинарско прашање дали тоа значи дека учебниците ќе бидат бесплатни, министерот за образование одговори, дека од први септември има одобрено учебници.
„Од први септември имаме одоберно учебници, немаме забелешки во тоа дека немаме учебници за печатење , ќе почнеме постапка и за дигитална форма на учебници. Од први септември оваа година сите учебници ќе бидат доставени до сите ученици и тоа ќе треба да се случува и со новата концепција“.