Др. Оливер Зафировски : Здравјето на најмладите пациенти приоритет
По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби два двата најсовремени PH метри за дијагностика на гастроезофагијален рефлукс.
Донацијата од општината Гази Баба ја примија директорот на Институтот др. Бесник Зекири, економскиот директор Тахир Таири и Прим. Др. Оливер Зафировски.
Апаратите се наменети за општиот оддел којшто ќе ја подобрат работата на одделот кај децата кои се лекуваат од алергиски заболувања, бронхопнеумонија и други хронични болести.
Д-р Оливер Зафировски се заблагодари на градоначалникот Бобан Стефковски и општината Гази Баба што на ваков ден вложија во здравството и иднината на најмали пациенти и истакна дека со апаратите ќе се овозможи дијагностицирање нa хронично респираторни заболувања кај децата од најрана возраст.
“Голем човек е оној што се радува на градењето добри дела и успешни приказни за луѓето, посебно на насмевките на децата”. Пресреќен сум што децата добиваат нови најсофистицирани апарати во одделот кадешто работам со нив. ” истакна Зафировски по повод денешната донација.
По повод светскиот ден здравјето, 7 Април на сите мои колеги, како и здравствени работници им го честитам денешниот празник.
Болницата за белодробни заболувања кај децата – Козле е водечки регионален центар за детска пулмологија и алергологија, а истата беше целосно реновирана во 2015 година кога Директор беше др. Зафировски.