Грчката Влада ќе донесе дополнителна законска регуатива за да ја блокира партијата на осудениот поранешен пратеник од Златна зора

Дополнителна законска регулатива во Парламентот за да се спречи учеството на изборите на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, најави министерот за внатрешни работи на Грција Макис Воридис, јави дописничката на МИА од Атина.

Партијата на Касидиарис „Национална партија –Грци“, како и што се најавуваше, за да го заобиколи новиот закон што може да го блокира учеството на партијата на претстојните парламентарни избори во земјат одбра нов партиски претседател, поранешниот заменик- обвинител од Врховниот суд, Анастасиос Канелопулос.

Иако грчкиот Парламент веќе има изгласано закон со кој се забранува на изборите да учествува партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело, сепак за да не се остави простор промената на претседателот да има влијание, министерот за внатрешни работи најави дека в понеделник ќе бидат предложени дополнителни промени на постоечкиот закон.

Партијата на Касидиарис „Национална партија –Грци“, според истражувањата на јавното мислење во земјата, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот.

Треба да знаете
Последни објави