Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска потврди дека разговарал со докторот на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за неговата здравствена состојба и дека тој му рекол дека има причина за оптимизам.
„Ова ни дава причина да бидеме оптимисти. Берлускони е лав, а и физички е силен. Сакаме да бидеме оптимисти. Во Форца Италија сите работиме и го следиме текот на болеста со пријателство и љубов. Се надевам дека ќе може што побргу да закрепне“, изјави Тајани, кој е долгогодишен соработник и пријател на Берлускони, пренесува „Ројтерс“.
Партијата Форца Италија на Берлускони соопшти дека високи партиски функционери разговарале со Берлускони, како и со премиерката Џорџа Мелони и министерот за инфраструктура и лидер на Лигата, Матео Салвини.
„Тоа беше најдобриот телефонски повик што можев да го добијам“, изјави Салвини.
Медиумите потсетуваат дека се појави информација дека Берлускони боледува од леукемија.