По повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) одржа прес-конференција во Тетово.
Претседателот на партија Самка Ибраимовски порача дека властите направиле грешка во начинот на одбележување на Меѓународниот ден на Ромите.
-Да им порачам на власта, на премиерот, на претседателот на државата дека традицијата од 30 години од осамостојување на Македонија вчера го рушија тој углед на ромските политички партии во РСМ, каде секоја година имавме покана од претседателот на државата и премиерот на разговор во делот на проблемите на ромската заедница. Ги собраа невладините организации, кои на грбот на ромскиот народ заработија голем износ пари и поединци кои ги викнаа на прослава. Јас сум разочаран. Не дека ќе постигнавме којзнае што, ќе се видиме со претседалот и премиерот, рече Ибраимовски.
Грешката, како што рече, што ја направија ќе има големи последици.
-По рамазанските пости ќе организираме протести, во смисла на дискриминација на Ромите, политички и во секој поглед, се уште е присутна, истакна Ибраимовски.
По повод Меѓународниот ден на Ромите, Ибраимовски потсети на првиот партиски претседател Фаик Абди и неговиот придонес за унапредување на состојбите кај ромската заедница.