Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден во 16:50 часот 40 годишно лице од Кавадарци се превртело со трактор за време на извршување земјоделски работи, при што се здобило со тешки телесни повреди.
-Во ОВР Кавадарци вчера во 16.50 часот било пријавено дека на локалниот пат винарска визба Тиквеш кон манастир „Св Спас“, Т.С.(40) од Кавадарци, додека извршувал земјоделски работи со трактор, тракторот се превртел. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, информираат од МВР во денвниот Билтен