Додека Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државна земја за изградба на фотоволтаична централа.
1.119 м2 за 70 денари по м2 добива сопругата на Ковачевски со Одлука на Влада, која наместо Ковачевски ја потпишува Артан Груби.
Бизнисот од кој Ковачевски тврдеше дека излегол, и го оставил на кумот, сега влегува неговата сопруга и сето тоа додека тој е премиер.
Земјиштето кое Ковачевска го добила од Владата е последниот дел од сложувалката за дооформување на нејзината парцела и вадење на дозволи за градба.
Како што пишуваа медиумите се работи за инвестиција на 1.8 мегаватна централа, чија изградба чини над 1 милион евра.
Додека народот гладува, семејството на Ковачевски влегува во милионски бизниси. Затоа се потребни промени.