Тoтенхем го победи Брајтон со 2:1 во 30. коло од Премиер лигата. Со головите на Хеунг-мин Сон и Хари Кејн од една и Луис Данк од друга страна. Натпреварот го одбележа вербалната пресметка двајцата тренери. Главниот судија на натпреварот Сајмон Атвел во 59. минута им покажа црвен картон на Кристијан Стелини и Роберто Де Зерби.
Италијанците и нивните помошници се расправаа покрај линијата. „Дејли Мејл“, пишува дека тензија постоела и пред почетокот на натпреварот. Откако се ракуваа, Де Зерби го впери прстот кон Стелини.
Станува збор за италијански стручњаци кои се судрија додека беа активни фудбалери во сезоната 2008/2009, кога беа играчи на Бари и Авелино во Серија Б.
Де Зерби е 43. годишеник кој го презеде Брајтон во септември 2022 година по заминувањето на Грем Потер. Неговиот тим сега е на седмото место во Премиер лигата со 46 бодови. Претходно во кариерата раководеше со Сасуоло и со Шахтјор Доњецк.
Стелини му беше помошник на Антонио Конте. Кога Италијанецот доби отказ, 48. годишниот Стелини го презеде тимот на Тотенхем, иако се чини дека тоа ќе биде само привремено решение додека не се најде нов менаџер.
Досега беше главен тренер само во Алесандрија, италијански нисколигаш. Играчката кариера ја помина во италијански клубови, како и Де Зерби.