Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека „деокупацијата“ на Крим нема алтернатива, не само за Украина, туку и за целиот свет.
„Ние сме за светски поредок заснован на конвенциите и Повелбата на ОН, а не на криминални навики на убијци, силувачи и разбојници кои Русија се обидува да ги шири“, рече Зеленски во Киев на ифтар-вечера за време на муслиманскиот месец Рамазан, пренесува Интерфакс Украина.
Според Зеленски, Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.