Пијан Украинец сакал да се самоубие во Истамбул поради војната

Поранешниот украински полицаец А.А.И. ја поминал заштитната ограда на надвозникот на тунелот Таксим во центарот на Истанбул и се обидел да се самоубие во знак на протест против војната, јавува Анадолија.

Полициски екипи го запреле сообраќајот, а пожарникарите превентивно поставиле душек на надувување под надвозникот.

Мажот на англиски извикувал „Стоп за војната“, а очевидци тврдат дека бил видно под дејство на алкохол.

По тричасовна интервенција Украинецот бил приведен.

Треба да знаете
Последни објави