Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Најавите на Мицкоски дека одлучил ВМРО-ДПМНЕ да не номинира претставници во работната група за уставни измени кои се неопходни за продолжување на европскиот пат е само уште една потврда дека Мицкоски е против ЕУ и дека е во целосно заложништво на Левица.
Едноставно Мицкоски само го следи Апасиев, заедно се против ЕУ.
СДСМ нема да се откаже од европската иднина. На пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме да го блокирата европскиот пат на земјата.
Деструктивниот потпалувачки наратив на Левица и ВМРО-ДПМНЕ е под секое ниво и не е добар за општеството и повторно ќе биде поразен.
СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и ќе ги разобличиме и овие промашени пропаганди на Левица и Апасиев.