На интернет кружи видео снимка од обезбедувач во ноќен клуб како соборува жена на земја во текот на една хаотична тепачка во Сан Антонио.
Неколку полуголи девојки се влечат за коса и се борат, кога одеднаш еден обезбедувач ја грабнува едната од нив и насилно ја фрла на земја. Десетици банкноти испаѓаат од нејзината чанта додека во шок лежи на подот пред повторно да почне да мрда, пишува Дејли Мејл.
Best chokeslam I’ve seen since the Undertaker
— YNRD (@YNRD_248) April 2, 2023pic.twitter.com/MorbtCwFBY
Виралната снимка е прегледана дури 4,5 милиони пати на Твитер, што е зачудувачки многу покажан интерес за една ваква ужасна ситуација. Еднакво е зачудувачки што никој од оние кои учествувале во тепачката се уште не поднел кривична пријава, велат од локалната полиција.