Фудбалерите на Рома го победија Торино со 1:0 (0:1) во 29. коло од италијанската Серија А, а Верона со нестварен пресврт славеше над Сасуоло.
Рома забележа значајна победа во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Еден гол го реши победникот на Олимпискиот стадион во Торино.
Паоло Дибала погоди од пенал, на кој му претходеше играњето со рака на Пер Шурс пред својот гол.
Рома моментално е на третото место со 53 бодови, додека Торино е на 11. место со 38 бода.
Фудбалерите на Верона направија голем пресврт против Сасуоло во финишот на натпреварот. Саусоло водеа од 34.минута со голот на Харуи. Гостите предноста ја имаа до 84.минута. На 1:1 израмни Чекерини.
Трите бода на Верона и ги донесе Аргентинецот Гаич во 95.минута.
Верона се наоѓа на 18.место со 22 бода. четири помалку од Специја првата екипа која се наоѓа во безбедната зона. Сасусоло се на 12.место со 37 бода.