Собранискиот спикер Џафери закажа итна седница за понеделник, на која власта по скратена постапка сака да протне девет предлог закони, меѓу кои и Предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство.
Очигледно дека во секој од овие закони намерата е иста и се однесува на „олеснување” на процедурите при изградбата на Коридорот 8. Конкретно, во овој предлог-закон се предвидуваат измени со кои се заобиколува начинот на пријавување ако се дојде до археолошки важно откритие (археолошки локалитет).
Наместо да се пријави до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи, како што предвидува законот во други случаи, во овој случај треба да се пријави само до надзорниот инженер!
Сето ова станува појасно со тоа што овој предлог-Закон го предлага ДУИ, кои заедно со анти-македонската СДС, не покажале никаква грижа за заштита на македонското културно наследство, особено во мигови кога е оспоруван македонскиот идентитет, историја и култура.
Секако интересот на приватните компании е профитот, а не нашето културното наследство. Охридскиот регион е богат со археолошки наоѓалишта и повеќе од сигурно е дека ќе има прекини во работата поради процедурите, а кои во случајов сакаат да се заобиколат по брза постапка.
Левица како партија стои зад македонските национални интереси и затоа сме категорично против овој предлог-закон. Свесни сме дека СДС и ДУИ тенденциозно уништуваат сѐ што е македонско од аспект на историја и културно наследство, па дотоколку нашата борба треба да е пожестока против нивното самоволие.