При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кампањата на СДСМ „рамо до рамо„ истакна дека реакцијата на народот за кампањата на СДСМ е „внимавајте, затварајте ги дворовите, заклучете ги вратите, криминалци шетаат по улиците не им отворајте“.
„Мудроста на народот е најголема, и таа е неприкосновена, еве јас ќе искористам еден коментар кој што често пати го читам и го следам на социјалните медиуми. Одговорот на народот на оваа кампања на СДСМ е „внимавајте криминалци шетаат по улиците, не им отворајте“ ете таа е реакцијата на народот за кампањата на СДСМ, велат внимавајте затварајте ги дворовите, заклучете ги вратите, криминалци шетаат по улиците не им отворајте. Тоа доволно говори како ќе помине оваа кампања на СДСМ која што во јавноста сега се случува, а инаку ВМРО-ДПМНЕ е континуирано со народот, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и на ВМРО-ДПМНЕ кампањата трае 365 дена во годината. Само оние политичари кои што се забегани од власт и опиени од моќ и пари мислат дека со неколку скапо платени билборди и неколку скапо платени спотови ќе мислат дека ќе можат да корегираат нешто повеќе, но тука се лажат, и ако се навистина толку сигурни во својот капацитет еве јас им велам излезете на избори па да видиме“ нагласи Мицкоски.