Возилото на судијката на жупанискиот суд во Осијек, Власта Шимениќ-Ковач, утринава во 06:08 часот било запалено пред нејзиниот дом во Осијек. Станува збор за БМВ теренец X6, кој по неколку пријави од граѓани дошле противпожарни екипи да го изгаснат..
Во тек е истрага, потврди Едита Ротербауер, портпарол на полициската управа Осиек-Барања, која не можеше да го потврди идентитетот на сопственикот на возилото.
Полицијата во 8 часот и 12 минути соопшти дека истрагата е во тек, а вештаците од крим-техника се на терен за прибирање докази, бидејќи се укажува дека се работи за подметнат пожар. Автомобилот е целосно уништен, пишуваат хрватските медиуми.
Власта Шимениќ-Ковач беше избрана за судија на Жупанискиот суд во Осијек на 30 јуни 2018 година, откако во мај беше назначена во кривичниот оддел на Жупанискиот суд Осијек, како избор меѓу неколкумина кандидати. Во изминатите речиси пет години водеше низа јавно разоткриени судски постапки каде им судеше на познати криминалци во Хрватска.
Таа го судеше и случајот во кој сведочеа Тодориќ и Мамиќ. Пред пет години во сообраќајна несреќа загина нејзиниот сопруг.