Денеска сме овде во организација на Унијата на млади сили со цел да присуствуваме на настан на кој што практично ќе зборува многу за тоа што преставуваат вистински, суштински проблеми на младите на Македонија. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ како најголема организација кога станува збор за политичките подмладоци мислам дека овој период прилично активно работи на тоа да ја крене темата за младите, имајќи предвид дека се повеќе млади ја напуштаат Македонија, порача лидерот на ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски.
-Денеска ќе се обидам да излезам од политичките чевли и да зборувам како професор затоа што на дневна основа имам комуникација со млади луѓе на Универзитетот и често пати разговараме за тоа кои се нивните суштински проблеми и што е она кое што нив ги мачи и што претставува нивен најголем предизвик.
Има многу работи кои што навистина и мене ме изненадуваат непријатно, морам да признам, а тоа е пред се дека младите немаат надеж, изгубена е надежта. И тоа генерално зборувам за сите млади кои што се од сите етникуми без разлика дали се Македонци, дали се Албанци, дали се Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци. Генерално надежта кај луѓето е убиена.
И мислам дека оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ луѓе кои што се дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност да работи силно и да ја врати надежта кај младите луѓе и кај оние генерации кои што се загубени, кои што се отидени од Македонија, да можеме со нашите постапки, политики да ги вратиме назад.
И тоа треба да преставува еден суштински предизвик за сите нас.
За жал стапката на фертилитет е намалена, и се намалува, се помалку бракови има склучено, се помалку деца се раѓаат, а тоа е еден природен биолошки процес кој што мора да најдеме начин како да го стимулираме тоа. Тоа оваа Влада на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ не го прави. Затоа што ќе се доведеме во една ситуација кога ќе имаме многу повеќе луѓе кои што се пензионери, а помалку работоспособно население и ќе не можеме да ја движиме Македонија напред, ќе не можеме да ја развиваме.
И затоа денеска наместо да се стимулира семејството се отвора дебата да увезуваме работници од Бангладеш, од Пакистан, од Филипини, и веќе не знам од каде.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме јасна политика што се однесува до семејството и тука ќе продолжиме и во иднина како Влада силно да работиме и да ги подржуваме младите брачни парови, да ги подржуваме семејствата. Затоа што мислам дека тоа е единствениот начин да обезбедиме стабилна и сигурна иднина за нашата држава. И тука нема повторно ќе кажам етнички предзнак, тука нема политичка припадност, тука станува збор за начин како да можеме да ја направиме нашата Македонија одржливо општество. Во спротивно Македонија ќе биде земја на возрасно население и за жал ќе не можеме да ја развиваме онака како што имаме наша амбиција.
Значи денеска ќе зборуваме за тоа, ќе зборуваме за младите, ќе зборуваме за важноста на семејството, и што значи практично еден млад човек да израсне во едно здраво семејство, во една здрава индивидуа која што утре ќе има амбиција да ја развива сопствената земја што значи обврска кон сопствената татковина која што му овозможила да се школува бесплатно, која што му овозможила сите оние привилегии кој што еден систем ги овозможува овдека кај нас.