Голем пожар избувнал утринава околу 4.30 часот на стојалиште за камиони во Хамбург, што предизвика истекување на сулфурводород. Властите предупредуваат дека големи облаци чад се движат во правец кон градот.
Германските медиуми известуваат дека се уште се слушаат детонации, а пожарникарите можат да му пристапат на пожарот само со маски.
До локалното население е испратено соопштение граѓаните да ги затворат прозорите и вратите за се заштитат од гасовите и хемиските реакции во воздухот.