Вечерва од 19:00 часот треба да се одигра дербито во фудбалското првенство во Грција помеѓу АЕК и Арис. За овој натпревар ангажирани биле судии од Полска, но поради скандалот кој го предизвикале на аеродромот во алкохолизирана состојба таа доверба најверојатно ќе им биде ускратена пренесуваат медиумите кај јужниот сосед.
Павел Рачковски од Полска беше делегиран да го суди мечот како главен арбитар, помошници треба да му бидат Радослав Сијек и Адам Купшик, задачата во ВАР собата му припаднала на Криштоф Јакубик.
Во центарот на вниманието пред дербито е Рачковски, кој правел инциденти на аеродромот. Тој е судија кој ФС Грција и претходно го анагажирала да суди важни натпревари во националниот шампионат.
Според информациите на грчките медиуми, во авионот судиите конзумирале голема количина алкохол, па почнале да прават проблеми. Рачковски наводно и плукнал еден од патниците кои им укажале да не прават проблеми.
Засега не е потврдено, но последните информации се дека во Грција донеле одлука судиите да бидат променети и натпреварот да се одигра. Довербата сега би требало да ја добијат грчки судии и натпреварот да започне во предвидениот термин.