Четири лица загинаа во лавина што попладнево се случи на француските Алпи, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин.
Дарманин рече дека проценката за бројот на жртвите е привремена и оти спасувачките екипи се на лице место.
Локалните власти соопштија дека лавината се случила во Горна Савоа на глечерот Амансет на Алпите и била долга 1.000 метри и широка 100 метри.
Жртвите биле на планинарење кога се случила лавината, а нивниот идентитет сè уште не е утврден.
Метеоролошката служба претходно не издаде предупредување за лавина, што најверојатно се случило поради ветерот и повисоките температури.
На терен се спасувачки екипи составени од жандарми, пожарникари и медицински персонал бидејќи се претпоставува дека покрај четирите жртви има уште девет лица.