Струга не успеа да издржи за победа на гости кај Скопје, одигрувајќи 1:1, во исто време кога актуелниот шампион Шкупи ја декласираше Победа со 0:6 за разликата на врвот на табелата да дојде на само 5 поени.
Во другите мечеви од 26. коло, Брегалница со 2:1 го шокираше тимот на Македонија Ѓорче Петров, додека немаше голови на мечевите помеѓу Академија Пандев и Работнички, односно Тиквеш и Силекс.
Струга поведе преку Бесарт Ибраими во 15. минута, но гостите издржаа само до 87. минута, кога Скопје израмни на 1:1, додека во Прилеп, Победа прими пет гола во второто полувреме за голема победа на Шкупи, прва по три меча.
ПРВА ЛИГА, 26.КОЛО
Академија Пандев – Работнички 0:0
Брегалница – Македонија Ѓорче Петров 2:1
Скопје – Струга 1:1
Победа – Шкупи 0:6
Тиквеш – Силекс 0:0
Фото: ФК Струга