Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во објава на социјалните мрежи со желби за добро здравје, мир и благосостојба им го честита Велигден на католичките верници.
– Во мое име и во име на МВР ви го честитам Воскресението Христово – Велигден, со желби за добро здравје, мир и благосостојба. Крајот на патувањето низ страдањата Христови – победата над смртта е знак за Божјата милост кон сите нас. Со умот над земното, во цврсто заедништво, да се обединиме кон нова победа! Велигденската светлина нека го радува и заштити секој еден! Христос воскресна, напиша Спасовски на фејсбук.