Британскиот премиер ги поздрави лидерите кои го потпишаа мировниот договор од Велики петок

 Британскиот премиер Риши Сунак ја нагласи храброста на лидерите кои го потпишаа мировниот договор на Велики петок во Северна Ирска и нивната способност да најдат компромисно решение и повика на брзо воведување на заедничка власт во Северна Ирска.

По повод одбележувањето на 25-годишнината од мировниот договор, британскиот премиер ги поздрави „тешките одлуки“ што беа донесени и „политичката визија“ што беше покажана за да се стави крај на 30-годишниот конфликт во Северна Ирска.

– Затоа треба да се справиме со прашањата за управување, рече тој во денешната изјава, пред да се разгорат дискусиите за обнова на работата на парламентот на Северна Ирска.

Сунак ќе биде домаќин на средба со американскиот претседател Џо Бајден, кој ќе престојува во посета на Северна Ирска по повод годишнината од договорот. Таа ќе биде одбележана иако клучниот договор за поделба на власта се уште не е спроведен.

Освен тоа, мирот загарантиран со договорот сè уште не е целосно постигнат, за што сведочат стравувањата од терористичка закана поради предупредувањата за можни напади врз полицијата, пренесе БТА.

– Мораме да се посветиме повторно да ги удвоиме нашите напори за да го исполниме ветувањето дадено на 10 април 1998 година, кога беше потпишан договорот, рече Сунак. 

Треба да знаете
Последни објави