(Видео) Инцидент на свадба во Индија: Невестата пукала од пиштол, кога полицијата покренала истрага побегнала

Полицијата во северната индиска држава Утар Прадеш трага по жена која пукала со пиштол на нејзината свадба.

На видеото на социјалните мрежи се гледа како жена испука четири куршуми во воздух додека седи до нејзиниот сопруг. Локалната полиција соопшти дека отворила случај против жената која е во бегство, јавува Би-би-си.

Пукотниците на свадби се вообичаени во некои северни индиски држави и често резултираат со повреди, па дури и со смртни случаи.

Според индискиот закон, секој што користи огнено оружје „на невнимателен или славенички начин“, ставајќи ги другите во ризик, може да се соочи со затворска казна или парична казна или и двете.

Треба да знаете
Последни објави