Пожарите во Монголија се закануваат да се прошират и во Кина

Пожарите на полињата во Монголија се закануваат да се прошират до границата со Кина и поради тоа локалните кинески власти испратија тимови за да го спречат ширењето на огнот, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Со помош на сателити, официјални претставници од службата за заштита на шумите и полињата Хулунбур во Кина регистрираа два пожари во близина на границата. До изутрината најблискиот пожар бил забележан на околу четири километри од Кина, соопшти кинескиот јавен сервис CTV. Се додава дека во близина нема важни згради или жители.

Кинеската служба за шумарство и заштита на терен испрати 202 чувари, меѓу кои и 82 членови на противпожарната бригада, да го спречат ширењето на пожарите.

Монголија се граничи со кинеските провинции Ксинџијанг и Внатрешна Монголија.

Пожарите му се закануваат на огромниот кинески регион Внатрешна Монголија бидејќи неколку делови на Кина се соочија со силни бури од прашина и многу суво време за овој период од годината.

Треба да знаете
Последни објави