Големата порота во американската сојузна држава Вирџинија ја прогласи за виновна мајката на шестгодишното дете кое пукаше во учителката, под обвинение за занемарување и загрозување на детето со тоа што му бил достапен пиштолот на обвинетата во семејната куќа, соопшти обвинителот.
Мајката има 25 години. Детето на 6 јануари пукаше и ја повреди учителката Еби Звернер во училница на основното училиште Ричнек.
Полицијата соопшти дека мајката на детето го купила пиштолот легално, а нејзиниот адвокат рече дека таа го чувала на највисоката полица од својот плакар и дека бил закочен. Истрагата за случајот продолжува.