Прогласена за виновна мајката на детето кое пукаше во учителката во училиште во Вирџинија

 Големата порота во американската сојузна држава Вирџинија ја прогласи за виновна мајката на шестгодишното дете кое пукаше во учителката, под обвинение за занемарување и загрозување на детето со тоа што му бил достапен пиштолот на обвинетата во семејната куќа, соопшти обвинителот. 

Мајката има 25 години. Детето на 6 јануари пукаше и ја повреди учителката Еби Звернер во училница на основното училиште Ричнек.

Полицијата соопшти дека мајката на детето го купила пиштолот легално, а нејзиниот адвокат рече дека таа го чувала на највисоката полица од својот плакар и дека бил закочен. Истрагата за случајот продолжува. 

Треба да знаете
Последни објави