Рамо до рамо со граѓаните на Старо Нагоричане и Петровец: Вложивме 700 милиони евра во Североисточниот регион, со СДСМ се развива секое населено место

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов заедно со Весна Томовска денеска беше меѓу граѓаните на Старо Нагоричане како дел од караванот „Рамо до рамо до победа”.

– СДСМ инвестира во секој регион во секое населено место, за повеќе да нема неразвиени општини. Само во патната и железничката инфраструктура, овде во Североисточниот регион во овие годни вложивме 700 милиони евра. Овде имаме и реализација на стратешка енергетска инвестиција ветерната електрана „Вирови”. Покажавме дека кога се сака се може и во услови на криза успешно менаџиравме со целиот енергетски сектор и обезбедивме зелена транзиција. Лидери сме во регионот во зелена транзиција и инвестиции во обновливи извори на енергија.  Ваквите инвестиции освен што ќе ја зголемат енергетска независност важни се и за општините, затоа што обезбедуваат и нови вработувања и повеќе средства во буџетот на општината, која е одлично раководена од нашата другарка Жаклина Јовановска, посочи Костадинов.

Во општина Петровец меѓу граѓаните беа членот на ИО на СДСМ, Костадин Ацевски и Рената Младеновска кои пред граѓаните истакнаа дека мерките во енергетиката што СДСМ ги презема даваат резултат, а доказ за тоа е фактот што во време на светска енергетска криза домашниот енергетски капацитет е сериозно зголемен и дека за разлика од земјите во регионот, кај нас немаше ниту рестрикции, ниту зголемување на цената на електричната енергија.  

Треба да знаете
Последни објави