Републиканец од Флорида се извини во понеделникот откако ги нарече трансродовите лица „демони“ и „мутанти“ за време на јавата расправа за предлог-законот според кој ќе се смета за прекршок ако лице користи тоалет што не е соодветен на неговиот пол при раѓање, пренесува „Политико“.
Коментарите на Вебстер Барнаби, претставник на Републиканската партија во американскиот Претставнички дом, биле испровоцирани од сведочењето на адвокатите на ЛГБТК и трансродовите лица кои се противат на мерката, една од неколкуте „законски мерки за тоалети“ кои ги брануваат духовите во конзервативните држави.
Критичарите велат дека законот ќе биде „алатка за вознемирување“, додека републиканците тврдат дека нивната намера е да ги заштитат децата.
„Меѓу нас денес на планетата Земја имаме луѓе кои живеат кои со задоволство се претставуваат како да се мутанти од друга планета. Ова е планетата Земја, каде што Бог ги создаде мажите-машки и жените жени“, истакна Барнаби за време на расправата во Комитетот за трговија на Претставничкиот дом.
Наречен Акт за безбедноста во приватните простори, предлог-законот што го туркаат републиканците има налага на луѓето да ги користат тоалетите и соблекувалните во објекти како училишта и ресторани во согласност со полот добиен при раѓање.
Откако неколку трансродови лица протесторале против предлогот, Барнаби алармирал за „злото, дисфоријата и дисфункционалноста“, за кои вели дека го потиснале општеството.
Неговите коменатри ја отелотворуваат тензичната дебата што уследи по нацрт-законите за ‘културна војна’ што ги туркаат републиканците од Флорида годинава, а кои се фокусирани вкрсувањето на родовиот идентитет и сексуалниот идентитет со родителските права и со образованието.
„Господ ве прекорува, Сатано, и сите твои демони и сите твои монструмчиња кои парадираат пред нас“, рече Барнаби. „Така е, ве нареков демони и монструмчиња, кои доаѓаат и парадираат пред нас и се преправаат дека се дел од овој свет“.
И демократските и републиканците присутни на панел-расправата биле затекнати од неговите коментари, а некои републиканци се обиделе да се дистанцираат од Барнаби и ѝ се заблагодариле на публиката што го изразила својот став.
Неколку минути откако републиканците издејствувале одобрување на нацрт-законот, Барнаби се извинил за своите коментари.
„Транс лицата ги нареков демони“, рече Барнаби. „Би сакал да ѝ се извинам на транс заедницата што ве нареков демони“.
Со ставањето на предлог-законот во процедура, републиканците ја донесоа Флорида на чекор од приклучување кон државите како Ајова, Арканзас, Алабама, Оклахома и Тенеси во носењето закони за користење на тоалетите.
Предлог-законот отвара можност секое лице постаро од 18 години да биде обвинето за прекршок од втор степен ако користи тоалет или соблекувална што не е наменета за неговиот природен пол и одбие да си замине во мигот кога некој ќе го побара тоа од него.
Освен тоа, локалните училишни области ќе мора да изготват правила за однесување за да ги дисциплинираат учениците што го прават истото.
Овие правила ќе се применуваат во образовните институции, засолништата за урагани, давателите на услуги за злоупотреба на супстанции, здравствените установи и јавните установи кои, според законот, вклучуваат сместување, рестораните, бензинските пумпи, просторите за забава итн.



