Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ги изневери скопјани, со ВМРО-ДПМНЕ на Скопје му се случува нова катастрофа.
Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски, за која тој лобираше кај граѓаните и ги повикуваше да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, се покажа како најнеспособен градоначалник на Скопје.
Град Скопје назадува токму поради неспособноста на Арсовска и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема реализација на ниту еден важен проект, градскиот превоз е нефункционален, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, јавните претпријатија се во хаос.
Наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето.
Со Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Градот тоне во безидејност и бесперспективност, нема продолжување на наследените проекти, но затоа има кавги за рацете во медот, за провизии и бизнис влијанија.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2023/01/d0b7d0b0-d0bfd0b5d182-d0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8-d181d0b4d181d0bc-d0b8d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b8-75-d0b4d0b5d182d181d0bad0b8-d0b3d180d0b0_63cd8cafe1830.png)