Кан: Поразот е убедлив, но во фудбалот видов многу неверојатни работи

Извршниот директор на германскиот фудбалски првак Баерн Минхен, Оливер Кан го истакна своето разочарување по поразот во првиот мечод четвртфиналето во Лигата на шампионите од англискиот премиерлигаш Манечстер сити (3:0). Сепак, поранешниот легендарен голман на Баерн истакна дека тимот мора да заборави што се случувало на „Етихад“, и на домашен терен во Минхен да покаже дека не се откажале од намерата да одат понатаму во елитното европско клупско натпреаврување. По враќањето во Минхен, фудбалерите и стручниот штаб на Баерн имале задолжителен состанок со челниците на клубот.

-Разочарани сме, поинаку ги замислував работите. Сити е тим од светска класа, ако не и најдобар во Европа. Резултатот е најважен во фудбалот, но мислам дека имавме шанси. Примивме гол од далечина, потоа имавме можности на стартот од вториот дел. Да влезеше една топка во мрежата ќе беше поинаку. На ова ниво и во ваков меч недозволиви се такви грешки какви што ги правевме. Сега не треба да се жалиме и да плачеме, туку да се фокусираме на мечот во сабота, а потоа и на ревнашот. Поразот е убедлив, работите не изгледаат добро, но во фудбалот видов многу неверојатни работи. Наша должност е да се обидеме и да им покажеме на навивачите дека не сме се откажале, рече Кан.

Треба да знаете
Последни објави