Левица: Целта на посетата на гробот на Хоџа е подавање на рака за соработка со младите албански левичари

Целта на посетата на вечното почивалиште на албанскиот комунистички државник е за подавање на рака за соработка помеѓу Левица и младите албански левичари. Тие во овој момент ги потиснува клеро-фашистичката политичка култура на сецесионизам и деструктивност која се наметнува преку партиите на албанското малцинство во Република Македонија, објаснуваат од политичката партија Левица по реакциите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за посетата на гробот на Енвер Хоџа.

„Енвер Хоџа е симбол на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација – затоа и не е за изненадување реакцијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како партии кои ги слават крвниците на македонската нација како Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети и се обидуваат да ја избришат жртвата на македонските партизани и нивната борба против фашистичките окупатори.

Левица, како последна кочница пред бугаризација и федерализација на Република Македонија нема да дозволи да се исполнуваат туѓи агенди за повторно поробување на државата под фашистичко влијание преку рехабилитација на нашите историски непријатели како врховистите и балистите“, се наведува во реакцијата на Левицата.

Треба да знаете
Последни објави