Дежурен лекар ја примил 24-годишната родилка во битолската болница поради болки, и дал терапија, па ја пуштил дома, а нема ни отпусно писмо. Не е водена соодветна евиденција за терапијата, пишува дека и е дадена инфузија, тродол и гликоза, но доказ дека и се дадени провокации нема. ДСЗИ најде низа недоследности во документациите со случајот на починатото новороденче, за што ќе има казни за лекарот, директорои и самата Клиника, вели за Канал 5 Директорката на инспекторатот Рената Младеновска.
Во меѓувреме, дали има лекарска грешка при породувањето, зошто и колкава доза на Мизопростол што создава провокации ѝ е дадена, ама и клучно зошто е пуштена да си оди дома, наместо по земање на медикаменти да остане во болница, одговори треба да даде и стручна комисија што веќе е формирана. Таа е оставена од двајца гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство. Ама, тие се уште не излегле на терен, потврдуваат од Министерството. А не се знае ниту кога ќе започнат со работа и колку време ќе им биде потребно за медицинската истрага.
Инаку, според првичните извештаи бебето било родено со брадикардија, односно невообичаено бавно биење на срцето, а реанимацијата што следела не била успешна.