Во емотивно интервју кај Дајан Соер, Џереми Ренер се присети на ужасниот ден кога ја доживеа несреќата со плугот за чистење снег.
Всушност, како што рече актерот, мислел дека тоа се неговите последни моменти од животот.
„Бев таму, сам. Тоа беше ужасен начин да се умре. И сигурно ќе умрев.“
Преплашен од смртта, тој успеал на својот телефон да ги напише она што мислел дека ќе бидат неговите последни зборови. Со солзи во очите, тој се присети во интервјуто: „Пишувам во мојот телефон… последните зборови до моето семејство.“
„Бев буден и свесен во секој момент,“ се присети актерот. „Но, би го направил тоа повторно. Да, би го направил тоа повторно — затоа што машината одеше токму кон мојот внук.“
За потсетување, машината за чистење снег не била под негова контрола во моментот на несреќата. Таа се движела директно кон неговиот внук. Единствениот начин на кој суперхеројот можел да го спаси детето бил да скокне пред машината.
Актерот секојдневно вежба за повторно да оди.
Тој многу брзо почна со рехабилитација по несреќата што се случи на новогошната ноќ. Подоцна на социјалните мрежи откри дека плугот му скршил 30 коски и дека бил подложен на неколку операции.