Поради монтажа на воздушен вентил ф-80 милиметри на улица 1 бб во село Љубанци, под резервоарот, денеска прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од корисниците во ова село.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае до завршување со работните активности.