Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Под заложништво на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против сите стратешки одлуки на земјата, против ЕУ и НАТО.
ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа и не гласаше за Договорот со кој станавме членка на НАТО, а Мицкоски не честиташе и не го поздрави усвојувањето во македонското Собрание.
Исто како и Левица, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Со СДСМ земјава успеа и денеска сме горда членка на НАТО. Во време на војна на европскиот континент се потврдува значење на оваа стратешка одлука.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не поддржаа ниту почеток на преговорите со ЕУ. Напротив, кога на маса беше Европскиот предлог и заклучоците по него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа хистерија, организираа протести кои станаа и насилни.
Заедно со Левица ширеа лажни вести за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа народот со асимилација и бугаризација која не се случи. Напротив, започнавме преговори со ЕУ со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет.
Но кога Договорот со Фронтекс, прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки, влезе во Собрание ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа.
Денеска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против членството во ЕУ а уште една потврда за тоа е фактот што не делегираа претставници во работните групи
Така се однесува ВМРО-ДПМНЕ во заложништво на Левица. Тие се против секоја важна стратешка и државничка одлука.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица се лонче и капаче.
СДСМ заедно со народот нема да дозволи државата да биде заглавена ниту пак да се врати назад.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно ќе бидат поразени, а државата ќе продолжи по својот европски пат.