ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден започна активности за рачно метење и миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини.
Со активностите се опфатени: соборниот храм Св. Климент Охридски, црквите Св.Богородица, Св.Димитрија, Св.Јован Крстител, Св.Петка, Св.Илија, Св.Архангел Михаил, Св.Петар и Павле, Св.Спас и др.
„Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП Комунална хигиена-Скопје настојува на највисокото можно ниво да ја одржи хигиената и чистотата на дворовите и непосредната околина на овие објекти, преку засилени активности што ќе се спроведуваат во текот на претстојните неколку дена.“- изјави в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.