Манчестер јунајтед прокцка два гола предност во првиот четвртфиналена натшпреавр од фудбалската Лига Европа против шпанската Севијла, која во последните шест минути израмни (2:2) и за реваншот пред своите гледачи си ја олесни работата за пласман во полуфиналето. Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед својата надмоќна игра ја круниса со два гола на Марцел Сабицер во 14-та и 21-та минута. Противникот беше разоружан, но и не дотолчен, по што следуваше студен туш на „Олд Трафорд“.
Прво Маласија си даде автогол по ударот безмалку од мртов агол на Хесус Навас, изненадувајќи го притоа Давид де Хеа, за во втората од шесте минути во судиското надополнување, Хари Мегваер да го совлада својот голман по ударот на Ен Несири.
Јувентус со минимални 1:0 го доби Спортинг Лисабон во Торино, откако Гати даде гол во 73-та минута.
Баер Леверкузен и белгиски Унион Сен Жил ремизираа 1:1 во Германија.
Во првиот денешен меч, Феенорд ја победи Рома со 1:0.