Италијанската одбојкарка Јулија Итума, членка на Новара, е пронајдена мртва во Истанбул, каде нејзиниот тим одигра меч со Езаџибаши и загуби со 3:0.
Медиумите во Италија пишуваат дека 18-годишниот Итума паднала од прозорец на хотелска соба и дека истрагата е во тек, односно дека не се познати деталите за падот.
Итума е родена во Италија, има потекло од Нигерија и важеше за еден од најголемите таленти во спортот. Ова беше нејзината прва сезона со Новара.