Србин (40) е осомничен дека со нож ја избодел до смрт седумгодишната ќерка на својата партнерка во Улм, Германија. Според германските медиуми, тој бил сместен во психијатриска установа.
Осомничениот до сега не дал никакви изјави, соопштија јавното обвинителство и полицијата преку заедничко соопштение за медиумите, пренесуваат германските медиуми.
Во понеделникот на Велигден околу 17 часот и 20 минути, 40-годишникот сам се јавил на итната помош и признал дека ја убил својата поќерка, соопшти германската полиција.
Во реонот на училишниот центар во областа Виблинген, итните служби пронашле мртво дете. Човекот бил таму а потоа бил и уапсен па бил префрлен во психијатриска установа.