Од отпадно железо до скулптури со Ајваз од Чаир

Удари од чекан и звук од брусилица ја пречека и екипата на Трн кога го посети младиот уметник, Озбек Ајваз, во неговото ателје во Чаир. Малку време е потребно и само неколку чекори по металните струготини за да сфатиме со колкава љубов и посветеност овој талентиран човек со леснотија прави нешто од ништо. На прва ни кажа дека отпадно железо има колку сакаш, а инспирација уште повеќе, само нема кој да ги купи неговите уникатни скулптури. Многумина воздивнуваат пред секоја од нив, но ретко кој се одлучува барем една да вклопи во својот дом или двор .

Озбек Ајваз на отпадното железо му дава душа. Како академски скулптор и сценограф шета по складиштата за старо железо и во ателјето создава метални скулптури на кои им вдахнува безвременска приказна, како онаа за „Тешкото“, неговиот дипломски труд. Со осум метални скулптури го заокружил своето високо образование и со нив допре до македонската јавност. Секоја скулптура, во природна човечка големина, ја отсликува истрајноста и креативноста на младиот уметник кој со посебна прецизност ги поврзал илјадниците шрафови, федери, завртки и навртки, синџири и цевки.

„Полека почнува да се буди свеста кај луѓето за важноста да рециклираме преку уметноста. Иако постојат граѓани кои купуваат од скулптурите сепак нивниот број е мал, особено ако човек се одлучи на ваков начин да егзистира. Сепак уметноста не се мери секогаш низ таа призма“, вели Ајваз додека трпеливо ги селектира парчињата метал за неговата следна скулптура, а во мислите сигурно му поминува желбата да уркаси нечиј простор.

До сега низ неговите раце поминале стотици килограми железо кои завршиле во околу триесетина скулптури. И додека ги сортира парчињата старо железо, во зависност од обликот и големината, ни раскажа дека се започнува од приказната која сака да ја раскаже на публиката, потоа следува нацрт-скица која му е водилка, за на крај да го оформи делото.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави