Агенти на американското Федералното истражно биро (ФБИ) го упасија 21-годишниот припадник на Националната воздухопловна гарда на САД, Џек Тешеира, кој се сомничи за протекувањето на доверливите документи од Пентагон, јавија американските медиуми.
Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го потврди апсењето на младиот припадник на Националната гарда на САД, наведувајќи дека тоа е извршено „во врска со истрагата за наводно неовластено отстранување, задржување и пренесување на доверливи информации за националната одбрана”, пренесува Гардијан.
Тешеира од весникот „Њујорк тајмс“ беше посочен како водач на чат-група на онлајн гејмери, каде во последните месеци и ги објавувал документите со доверливи информации.