Оваа година ја имам честа да ја предводам државна и црковната делегација од Република Северна Македонија, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и Шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски, а по повод учество на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел напиша Спасовски.
Свечената церемонија на предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена утревечер, во 20.00 часот, со директен пренос на МРТ.