Возилата од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, в сабота, недела и понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено в сабота, а другите денови – петок, недела и понеделник ќе бидат неработни за сите продажни места.
Жичарницата за време на велигденските празници ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот. Нема да работи во вторник, 18 април.
Автобуските линии 25 – Транспортен центар – Средно Водно, 25А – Автомакедонија – Средно Водно и 25Б – Дом на печат – Средно Водно ќе сообраќаат по неделен возен ред.