Фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, ги договорил сите услови и налето ќе потпише за Барселона, пишуваат каталонските медиуми.
Наводно, Гундоган се согласил да има помала плата од таа што ја добива во Манчестер сити, со кого му истекува договорот на крајот од сезоната, и тој во Барселона би требало да заработува помеѓу шест и осум милиони евра по сезона, а ќе потпише двегодишен договор.
„Ел Чирингито“ како доказ за ова тврдење го посочува видеото на кое се гледа дека агентот на Гундоган, вчера престојувал на „Камп Ноу“.
Весникот „Спорт“ пак пишува дека германскиот репрезентативец е голем фан на Барселона, а пред да потпише за Манчестер сити, преговараше токму со каталонскиот тим.
Барселона вчера потврди дека прво засилување за следната сезона ќе биде Ињиго Мартинес кој ги договори сите детали од договорот и на 1. јули кога започнува летниот преоден рок и официјално ќе стапи потпис на договорот.
Фудбалерите на Барселона, Ансу фати и Феран Торес, ќе го напуштат каталонскиот клуб на крајот на оваа сезона, објави денеска шпанскиот весник Ас.
Двајцата напаѓачи ќе заминат од клубот, бидејќи Барселона ќе мора да ослободи буџет за плати за следната сезона.
Според шпанските медиуми, Роберт Левандовски, Рафиња и Осман Дембеле се вклопуваат во системот на тренерот Чави и тие нема да бидат на продажба во летниот преоден рок.