Бербок во посета на Кина

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок со денешната посета на германска компанија за електромотори, со седиште во кинескиот североисточниот пристаништен град Тијанџин, ја почна тридневната посета на Кина.

Таа ја посети фабриката „Витеско“ (Vitesco) придружувана од кинескиот министер за надворешни работи Цаи Ган.

Бербок заедно со Цаи со воз отпатуваа за Пекинг, каде ќе се сретне со кинескиот потпретседател Хан Чан.

Се очекува германската министерка за надворешни работи на средбите да разговара војната во Украина, за тензиите за Тајван, како и за човековите права и за мерките против климатските промени.

Таа пред посетата на Кина таа нагласи дека целта е да се истражат можностите за идна соработка со Пекинг.

– Партнер, конкурент, ривал – ова е компасот на европската политика кон Кина. Во која насока ќе се движиме во иднина, делумно зависи од тоа каков пат ќе избере Кина, посочи Бербок. 

Треба да знаете
Последни објави