Клубовите од фудбалската Премиер лига колективно одлучија од сезоната 2026/27 да се забрани рекламирање обложувалници на дресовите.
Во моментов дури осум од вкупно 20 премиерлигашки клубови на своите дресови рекламираат обложувалници.
„Оваа одлука ја донесовме по сеопфатна дискусија во која учествуваа клубовите, лига и владините оддели за култура, медиуми и спорт во рамки на актуелното преиспитување на правилникот за обложување“, објави Премиер лигата, додавајќи оти е во координација и соработка со другите спортови за „развој на нов кодекс за одговорно спонзорирање на обложувалниците“.
Британската Влада во моментов работи на нов правилник, со кој ќе се регулира обложувањето.