Клоп: Белингем? Тоа е како кога вашето дете бара Ферари за Божиќ

Медиумите на Островот долго време ја потенцираа приказната дека суперѕвездата на Борусија Дортмунд Џуд Белингем ќе биде предводник на новиот Ливерпул, но пред неколку дена беше објавено дека одличниот играч за врска е прескап за Црвените.

Иако гигантите од реката Мерси викендов ги очекува важен меч со Лидс, Белингем беше неизбежна тема на прес-конференцијата пред тој меч.

„Не знам зошто зборуваме за работи кои теоретски не можеме да ги имаме“, изјави Клоп на новинарите.

А потоа беше и живописен во негов стил.

„Ако детето каже дека сака Ферари за Божиќ, вие одговарате дека не можеме да си го дозволиме и не можеме да го возиме. Она што ни треба и сакаме – се трудиме да го добиеме, додаде Клоп.

На Ливерпул не му оди оваа сезона, предвреме се прости од борбата за сите трофеи, а многу веројатно и од местата кои водат во Лигата на шампионите, па летово се очекува тотална реконструкција на „Енфилд“.

Сепак, без Белингем во тие приказни.

Треба да знаете
Последни објави