Кошаркарите на МЗТ Скопје ја завршија својата обврска, ја совладаа Цибона со 87:74 пред своите навивачи во последното коло од лигашкиот дел во регионалната АБА-лига и сега ќе чекаат Будуќност да го совлада Борац за да се најдат во бараж за опстанок. Будуќност и Борац својот натпреавр од последното коло во кој тимот од Црна Гора е фаворит го играат утре во Подгорица. На МЗТ Скопје му е потребна победа на Будуќност за да остане претпоследнопласиран во АБА-лигата. Доколку Борац приреди изненадување во Подгорица ќе биде тимот кој ќе се избори за настап во баражот за опстанок со второпласираниот тим од АБА 2. Последнопласираниот тим дирекно испаѓа во АБА 2 лигата.
МЗТ во решавачкиот натпреавр против Цибона во Скопје лошо го почна мечот. Во првата четвртина одржуваше некаков резултаски приклучок, но во втората потфрли и на полувреме замина со негатива од 41:53.
МЗТ Скопје се разбудии во третата четвртина која ја доби со 30:5 и го најави победничкиот крај. Во последниот период скопјани рутински ја одржуваа предноста, а стигнаа и до највисоки 17 поени. Ова беше трета победа по ред за скопскиот тим во АБА.
Мајк Кефи со 19 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, Александар Бурсач имаше 17, а 15 поени постигна Кеандре Кук, додека двоцифрен беше и Војдан Стојановски со 14 поени.